Младите луѓе во Словенија на возраст од 15 до 29 години се многу задоволни од условите во кои живеат, според статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика, еден ден пред одбележувањето на Меѓународниот ден на младите.
Младите лани сочинувале 15,1% од вкупниот број жители на Словенија, што е за 23% помалку во споредба со пред 10 години, што укажува дека има демографски тренд на стареење на населението.
Младите сепак се задоволни од просечниот живот, иако повеќето немаат работа и уште живеат со родителите.
Повеќето млади луѓе лани биле главно многу задоволни од условите за живот и анкетираните го оцениле квалитетот на живеење со просечна оцена од 7,9 на скала од 1 до 10, што е зголемување од 0,3% во изминативе пет години, велат од Заводот за статистика.
Во оваа старосна група вработени се 51,1%, од кои 48,6% на неопределено време.
Младите во Словенија во просек заминуваат од родителскиот дом на возраст од 28,2 години.