Необична воена парада во Северна Кореја: Ким, кај ти се ракетите?

Северна Кореја ја прослави 73-годишнината од своето постоење со ноќна воена парада во главниот град, пишуваат државните медиуми.

Објавени беа фотографии од парадата во која видно недостигаа балистичките проектили со кои обично се фали таинствената земја, а учесниците беа облечени во портокалови заштитни костими.

Ким Џонг Ун, водачот на оваа изолирана држава, присуствуваше на настанот каде армијата и Црвената гарда на работниците и селаните, најголемата цивилна одбранбена сила во земјата, маршираа во Пјонгјанг на плоштадот Ким Ил Сунг на полноќ, објави новинската агенција KCNA.

Rodong Sinmun, весникот на владејачката Работничка партија, објави фотографии на кои се гледаат луѓе во портокалови скафандри и заштитни маски, како маршираат заедно со вооружени војници.

На парадата беа прикажани и традиционални оружја, како што се ракетни фрлачи и противтенковски проектили.

Не ги спомнаа балистичките ракети

Но, медиумските извештаи не покажаа, ниту споменуваа балистички ракети, а Ким не одржа говор, за разлика од минатиот октомври, кога се пофали со нуклеарните способности на државата и покажа дотогаш невидени интерконтинентални балистички ракети.

„Редовите за превенција од епидемија и Министерството за јавно здравје беа полни со патриотски ентузијазам за да ги покажат придобивките од социјалистичкиот систем низ целиот свет, додека во исто време цврсто ја штитат безбедноста на државата и луѓето од глобална пандемија“, објави KCNA.

Северна Кореја не потврди ниту еден случај на COVID-19, но ги затвори границите и воведе строги превентивни мерки, прикажувајќи ја пандемијата како прашање на опстанок на нацијата.

Јанг Му-џин, професор по студии за Северна Кореја во Сеул, тврди дека недостатокот на стратешко оружје и фокусот на јавната безбедност покажува дека Ким се фокусирал на внатрешни прашања, како што се COVID-19 и економијата.

„Се чини дека парадата е строго дизајнирана како домашен фестивал, чија цел е да го промовира националното единство и солидарност на режимот“, рече Јанг.

Ким не држеше говор, можно е да остава простор за маневрирање

Немаше нуклеарно оружје, а Ким вооопшто не држеше говор, што може да значи дека одлучи да остане настрана и да остави простор за маневрирање во идните разговори со САД и Јужна Кореја.

Разговорите за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја стојат во место од 2019 година.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе бара дипломатски патишта за денуклеаризација на Северна Кореја, но не покажа подготвеност да го прифати повикот на Пјонгјанг за ублажување на санкциите.

Заживувањето на меѓукорејските телефонски врски во јули ја врати надежта за враќање на преговорите за денуклеаризација. Но, Северна Кореја потоа престана да одговара на повиците, а Јужна Кореја и САД ги одржаа своите годишни воени вежби минатиот месец, за што Пјонгјанг предупреди дека може да предизвика безбедносна криза.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе