Нестабилно тргување на Волстрит

На Волстрит берзанските индекси пораснаа, по неколку издржани економски извештаи, и пред новите податоци за инфлацијата во САД, кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

Dow Jones зајакна 0,35 отсто, на 33.666 поени, додека S&P 500 порасна за 0,59 отсто, на 4.299 поени, а Nasdaq индексот зајакна 0,83 отсто, на 13.201 поен.

По големиот пад минатата недела, кога челниците на американската централна банка изјавија дека каматните стапки би можеле дополнително да се зголемат до крајот на годината и дека можат да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното, пазарот се смири во последните денови.

Тој беше поддржан од солидни макроекономски податоци, кои покажаа дека американската економија пораснала солидно во вториот квартал, дека купувањето на станови паднало во август и дека бројот на барања за невработени благо пораснал минатата недела.

Позитивно на пазарот влијаеше и стабилизирањето на приносите на американските 10-годишни државни обврзници, кои силно пораснаа во последните недели и достигнаа највисоки нивоа во последните 16 години.

„По три-четири многу негативни дена можеше да се очекува некаков раст на цените на акциите. Но, тоа е многу нестабилно тргување“, вели Мет Стаки, портфолио менаџер во Northwestern Mutual Wealth Management.

Инвеститорите се неизвесни бидејќи ќе биде објавен извештајот во петок за личната потрошувачка, еден од показателите за инфлација што ФЕД внимателно ги следи.

Инвеститорите се загрижени и за ризикот од привремено затворање на владините служби, што би имало негативно влијание врз американската економија.

Имено, доколку Конгресот не обезбеди средства за фискалната година која започнува на 1 октомври, работата на владините служби ќе биде стопирана, а стотици илјади вработени ќе бидат привремено без работа и без плата.

Секоја година околу ова време, републиканците и демократите преговараат за понатамошно финансирање за владините услуги, и тие обично постигнуваат договор во последен момент.

Од крајот на јули, индексот S&P 500 загуби повеќе од 6 отсто, но се уште е во плус од почетокот на годината, околу 12 отсто.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,11 отсто, на 7.601 поен, додека франкфуртски DAX порасна за 0,70 отсто, на 15.323 поени, а париски CAC зајакна за 0,63 отсто, на 7.116 поени.

Тагови
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе