Несудениот замок: Од штици и картони до национално богатство
Замокот Вајдахуњад во Будимпешта не е обична градба. Подигнат во чест на јубилејот 1.000 години од постоењето на унгарската империја, тој е предмет на восхит и мистицизам заради начинот на кој е изграден и неговата поврзаност со грофот Дракула.
Изграден е во 1896 година и се наоѓа во Градскиот парк во Будимпешта на вештачки остров, пренесува National Geographic. Станува збор за комплекс кој се состои од 21 градба кои се еден вид копија на различни архитектонски стилови и епохи на Австро-унгарската империја, меѓу кои готика, ренесанса и барок.
Комплексот првично бил замислен како привремена изложба на важни градби од сите делови на поранешната империја. Сите згради биле изградени од штици и картон. Бидејќи изложбата предизвикала возбуда и ентузијазам кај јавноста, било одлучено да се пристапи кон градење што траело од 1904 до 1908 година.
Во комплексот доминира замокот наречен „Корвин“. Тоа е копија на замокот „Хуњад“ лоциран во Трансилванија, во кој, според народното предание, грофот Влад Цепеш, попознат како гроф Дракула, бил привремено затворен поради несогласување со унгарскиот владетел Јанош Хуњади.
Интересен факт е дека во комплексот има биста на унгарскиот актер по име Бела Лугоши, кој прв го толкуваше ликот на Дракула во филм од 1931 година.