Новосибирск е град во кој моменталната температура е -40 степени Целзиусови. По Москва и Санкт Петербург, Новосибирск е третиот по големина град во Русија, а ваквите температури не се ништо необично за престолнината на Сибир.

Новинарот Алек Лун, кој моментално престојува таму, на социјалните мрежи сподели фотографија на која се прикажани замрзнати тестенини и јајце замрзнато уште пред да стигне до чинијата.
Фотографијата е хит разгледница од Новосибирск и инспирација за многумина да покажат како всушност изгледа зимата во тој град.
И додека поголем дел од светот не може ниту да замисли како изгледа животот под тие услови, кога зимата ќе зацарува, а водата за секунда се претвора во лед, овие фотографии верно ќе ви ја доловат таа слика.