Невиден пад на стандардот во Германија, цените на храната експлодираат, се враќа стравот во Европа

Голем е стравот дека историјата во најголемата европска економија ќе се повтори, велат познавачите.

Зголемените трошоци за енергија и за живот помогнаа да се активира рецесијата која ги откри економските слабости во Германија. Во меѓувреме, зголемената нееднаквост меѓу луѓето го поттикнува повторното оживување на екстремно десничарските политички сили во земјата.

По врвот на 11,6% во октомври минатата година, инфлацијата во најголемата европска економија би можела да се намали до 6,4% овој месец, според истражувањето на Bloomberg и на аналитичарите. Но, растот на цените на сите производи, од бензин до путер, како и енормното зголемување на каматите, се болни и упатува на тоа дека историјата ќе се повтори.

Традиционалната аверзија на Германците кон инфлацијата, вкоренета во тешкото искушение од 1920-тите, оживеа минатата година, откако малку се намали во претходниот период, покажаа анкетите.

Како и пред еден век, економските тешкотии што следеа се покажаа како плодна почва за популизам. Поддршката за германската АфД се искачи на рекордно високо ниво во последните месеци, позиционирајќи ја крајно десничарската партија пред централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) на канцеларот Олаф Шолц.

Според Марсел Фрацшер, кој го предводи истражувачкиот институт DIW, симпатизерите на АФД се особено незадоволни од нивните животи и од економијата. Бидејќи германското производство стагнира, работите би можеле да станат уште полоши, велат аналитичарите.

За сиромашните, скокот на инфлацијата беше особено изразен во трошоците за храна – кои сочинуваат поголем дел од нивните трошоци за разлика од побогатите домаќинства.

Во Франкфурт, банката за храна Франкфуртер Тафел беше сведок на катастрофата од прва рака. „Еднаш остана само еден кромид и три моркови, а чекаа четири семејства, кои потоа почнаа да се караат за сè“, рече портпаролката Нилаб Алокузај-Кисингер, гледајќи во празните полици на магацинот.

Инфлацијата би можела дополнително да се забави, но цените веројатно нема да паднат. „Постои разбирање дека вкупната инфлација се намалува“, изјави претседателот на Бундесбанк, Јоахим Нагел, за ТВ Bloomberg минатата недела. „Често е случај кога е потребно повеќе време за да се намали базичната инфлација. Тоа би можело да биде можно сценарио. Но, треба да почекаме за септемвриските бројки“, додава тој.

Во исто време, владата ги намалува мерките за поддршка кои им помогнаа на граѓаните да ги задржат сметките за парно со пониски цени откако војната во Украина ги зголеми цените на енергијата.

Шолц е оптимист дека инфлацијата може да се надмине, оценувајќи ја Германија како „совршено способна да ги надмине проблемите на новото време“. Иницијативите вклучуваат брза инсталација на терминали за течен природен гас за да се намалат трошоците за енергија и инвестиции во зелена транзиција за да се задржи електричната енергија евтина за индустрискиот сектор кој претходно стана зависен од евтиниот гас од Русија.

Канцеларот за подемот на АфД изјави: „Нема да можеме да избегнеме да заземеме став и да кажеме дека ја браниме демократијата и слободата што ги постигнавме“, рече Шолц претходно овој месец.

Во музејот во Франкфурт посетителите учат за опасностите од печатењето пари, а меѓу нив е и Клаус Мур, пензионер кој дома чува кутија со милиони обезвреднети марки на својот дедо. „Се надевам дека овојпат нема да биде така“, вели тој.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе