Невозможна мисија за Атлетико

Реванш полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу мадридските ривали на прв поглед говори дека ќе биде само формалност за Реал. „Кралскиот клуб“ на првиот натпревар победи со 3:0.

Реал со речиси недостижна предност ќе го почне реваншот на „Винсенте Калдерон“, но Атлетико нема намера лесно да се предаде. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го примени рецептот од 2015 година, кога во првенствениот дуел победи 4:0.

Сепак, овој натпревар е одигран во Примера, каде Реал има само една победа над Атлетико на последните осум соочувања, додека во Лигата на шампионите „Кралскиот клуб“ има три победи и едно реми.

Лоша вест за Атлетико е и дека Реал на последните 60 натпревари постигнал најмалку еден гол.

„Пред нас е еден екстремно тежок меч, за некои невозможна задача, но не и за нас. Им кажав на играчите да веруваат, иако играат против најдобриот тим во светот, но ние можеме да минеме во финалето. На нашиот терен секогаш имаме шанса“, рекол тренерот на „јорганџиите“ Чоло Симеоне, во чии состав ќе се врати дефанзивецот Хозе Марија Хименез.

На другата страна никој не помислува дека Атлетико може да приреди сензација. Главна тема на „Сантијаго Бернабеу“ е дали Реал може да стане првиот тим кој ја одбранил титулата во ЛШ.

Полуфиналниот реванш помеѓу Атлетико и Реал на „Винсенте Калдерон“ стартува во 20:45 часот. 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе