МЛАДИ И УСПЕШНИ ЖЕНИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО НОВАТА NIKE КАМПАЊА

Nike инспирацијата од силните жени пристигна и во Македонија

Сѐ повеќе девојки се вклучени во спортовите кои досега беа „резервирани“ за мажите. Трудот, мотивацијата, желбата за успех и енергијата која ја следи една спортистка на фудбалскиот терен се отсликува во фитнес салата, на патеката за трчање, во базенот... со самото тоа целата Nike колекција оваа сезона е во духот на жената и фудбалот, и оваа инспирација од силните жени е пренесена и во новата Nike Performance колекција.

ОСМЕЛИ СЕ ДА БИДЕШ НАЈДОБРА. НАЈДОБРА ВО УЧИЛИШТЕ. НАЈДОБРА ВО ГРАДОТ. НАЈДОБРА ВО ТРЕНИНГОТ. НАЈДОБРА ВО ДРЖАВАТА. НАЈДОБРА ВО СВЕТОТ.

Лицата на новата NIKE тренинг кампања во која фокусот е новиот Dare To Be FE/NOM BRA – градник за тренинг се: Елена Бубало – индивидуален и групен фитнес тренер, и Антонија Локвенец – блогер и фитнес ентузијаст.

Страста кон спортот, енергијата и желбата за себенадминување е она што ги карактеризира младите девојки на фудбалските терени. Истите чувства ги споделува и Елена Бубало за време на своите тренинзи и фитнес напревари, тоа што ја мотивира да продолжи и во најтешките моменти е желбата за рушење на своите граници и рекорди. Антонија е неуморна и одлучна, карактеристики кои треба да ги има секоја млада девојка, без разлика дали е професионален спортист или ентузијаст за активен живот.

Елена Бубало е персонален и групен фитнес тренер, и не се плаши да ги живее своите соништа. Преку својата работа таа ги мотивира младите девојки да го направат истото – да се стремат да ги живеат своите соништа, да ги надминат предрасудите за способноста на жените во спортот. „Фитнесот е компетитивен спорт во кој жените се гледани како „понежниот“ пол. Тоа ми дава дополнителна мотивација да го дадам најдоброто од себе, па дури и повеќе од тоа. Надминувањето на сопствените рекорди и неоткажувањето од сопствените соништа е клучно за успехот. Не треба да ги прилагодите своите цели на околината, сменете ги околностите да стигнете до целта“, истакнува Елена.

Антонија Локвенец – младата девојка кој ги освои социјалните медиуми со својата позитивна енергија и желбата да ги инспирира и мотивира младите девојки. „Во животот треба да имаме јасна цел каде се гледаме себеси. Кон целта не се стигнува преку ноќ, за тоа треба да се работи континуирано и на сите полиња од животот. Во тој процес има и падови. Она што е најважно е да останете силни и да продолжите понатаму посилни и посмели.“ Истакнува Антонија.

За сите млади девојки и жени кои се осмелуваат да бидат Fenom-енални, Nike на 05ти јули (петок) организира настан на кој ќе се разговара за позицијата на жената во спортот преку панел дискусија со: Силвија Митевска – Претседател на Здружението ТАКТ, Билјана Миланова – истакнат женски фудбалски судија, Елена Бубало – пресонален и групен фитнес тренер, Антонија Локвенец – блогер и фитнес ентузијаст, Александра Дичевска – претставник на Агенцијата за Млади и Спорт. Модератор на панелот ќе биде Магдалена Спасовска – Извршен директор на Здружението ТАКТ.

Воедно присутните ќе имаат можност да се предизвикаат себеси преку несекојдневен групен тренинг воден од Елена Бубало исполнет со забава и изненадувања. Настанот ќе се одржи на платото на западниот влез на Skopje City Mall и започнува во 18:30 часот.

За присуство потребно е да се регистрирате на следниот линк http://sneakerevent.com/mkd-2/ или да се пријавите во Nike Shop продавницата во Skopje City Mall.

Најновата Nike колекција, за жените кои не се плашат да сонуваат и да ги остваруваат своите соништа, можете да ја пронајдете во Nike Shop продавницата во Skopje City Mall.

#nikeshopskopje

*Промотивен текст

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе