Никогаш нема да бидат пронајдени вакцини за овие три болести?

Најновите истражувања што ги објавува Gates Open Research предупредуваат дека медицината уште долго време нема да пронајде вакцини за ХИВ, маларија и туберколоза, трите најголеми убијци во сиромашните земји.

За да има вистински напредок во справувањето со овие инфективни болести до 2030 година потребни се скоро 9 милијарди долари годишно за истражување, додека сега се трошат околу 3 милијарди долари од приватни донации и фармацевтски компании.

Истражувањето е направено од 15 научници, а финансирано е од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. Оценето е како многу песимистично, но е реално, а тоа го покажуваат и бројките од терен.

ХИВ вирусот денес донекаде се сузбива или е сузбиен. Бројот на починати минатата година е помал за 52% од 2004 година, кога смртноста од ХИВ била најголема. Целта на Светската здравствена организација е да го намали бројот на умрени до 2020 година на 500.000 или помалку, а тоа е многу тешко да се направи со овој ритам на сузбивање на болеста и набавка за лекови на болните во сиромашните земји.

Маларијата сè уште коси, секои 30 секунди умира по едно дете или 3.000 деца дневно. Постоечките лекови се евтини и сè помалку делотворни, комарците станаа отпорни и во околу 70% од случаите. Околу 40% од човештвото живее во подрачја со маларија, а годишно се заразуваат околу 300 до 600 милиони луѓе. Многумина преживуваат, но со последници по здравјето.

Фондацијата сè уште се надева дека бустер дозите на BCG, вековна вакцина за детска туберкулоза, можат да ги заштитат адолесцентите и дека вакцината која се развива со фармацевтската компанија GlaxoSmithKline ќе ја спречи латентната туберкулоза да стане активна.

Во наредните пет години за најкритичните лекови кои недостигаат, а би требало да се пронајдат, се проценува дека недостасуваат 1.5 до 2.8 милијарди долари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе