Nissan Patrol 2020: Луксуз по вкус на корисниците од Блискиот Исток

Редизајнираниот модел има стилски измени и технолошки подобрувања.

Nissan Patrol има репутација на масивен и издржлив SUV, а со најновиот редизајн само го зацврсти таквиот имиџ.

Најмногу стилски измени има на предниот дел на возилото, вклучувајќи ја маската на ладилникот, фаровите и браникот, а назад се рестилизирани стоп светлата.

Внатрешноста на Patrol изгледа полуксузно благодарение на новиот ентериер покриен со кожа. Јапонскиот производител истакнува дека е намалено нивото на бучава во кабината што доаѓа од надворешни извори, благодарение на подобрената звучна изолација.

На централната козола доминираат два големи екрани поврзани со навигација и мултимедијален систем со Apple CarPlay и Android Auto функции за полесно поврзување со смартфон уреди.

Во бројните системи за безбедност спаѓаат и интелигентното автоматско кочење во случај на опасност со функција за детектирање пешаци, како и систем за предупредување од можен фронтален удар.

Nissan Patrol 2020 стандардно ќе се испорачува со 4.0-литарски V6 бензински мотор со 275 коњски сили и максимален вртежен момент од 395 Nm, додека за купувачите кои сакаат нешто повеќе, достапен е и опционалниот 5,6-литарски V8 мотор кој нуди 400 коњски сили и максимален вртежен момент од 560 Nm. Помоќната варијанта во понудата го има и адаптивниот систем за потпирање на Nissan - Hydraulic Body Motion Control.

Рестилизираниот Nissan Patrol ќе биде пуштен во продажба до крајот на месецот и тоа прво на Блискиот Исток бидејќи тоа е еден од најважните пазари за овој луксузен модел.

реклама

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе