Низ Европа се враќа задолжителниот воен рок, дали Македонија ќе ја фати трендот?

По крајот на Студената војна, владите ширум Европа почнаа да го намалуваат значењето на воената одбрана. Во изминатите две децении, повеќето земји ја укинаа задолжителната воена служба, односно обврската за воена обука, но руската агресија врз Украина натера многумина да размислуваат поинаку.

Германија ја суспендираше задолжителната воена служба во 2011 година. Активирањето на воената обврска сега е можно само доколку Бундестагот утврди присуство на тензија или потреба од одбрана.

Слично или исто е и во многу други европски земји. Од 29 европски земји-членки на НАТО, вклучително и Турција, само шест земји ја задржаа воената обврска од 1993 година до денес.

Руската агресија ја разбуди Европа

Но, по агресијата врз Украина, воената служба е повторно актуелна тема, особено во Европа. Речиси сите земји од ЕУ ги зголемија своите воени буџети, некои го вратија воениот рок, додека други активно размислуваат за тоа.

По анексијата на Крим во 2014 година, Украина воведе воена регрутација за сите мажи на возраст од 18 до 26 години. Литванија го направи истото во 2015 година. Од 2024 година Летонија ќе воведе воена обука која ќе трае 11 месеци. На холандската армија ѝ се потребни околу 9.000 нови регрути, па владата размислува за воведување задолжителен воен рок.

Во Франција, во 2019 година, претседателот Емануел Макрон ја воведе „Универзалната национална служба“ во 2019 година, каде младите волонтираат еден месец. Владата размислува таквиот модел да биде задолжителен за сите млади од 15 до 17 години.

Скандинавски модел

Посебно интересни се моделите кои ги практикуваат скандинавските земји. Во 2018 година, Шведска воведе задолжителен воен рок. Но, она што е специфично е дека сите мора да се пријават за воен рок, но армијата избира само мал дел од оние кои ќе служат воен рок. Речиси истиот модел се применува и во Норвешка, која воведе регрутирање во 2016 година, но за разлика од Шведска, во Норвешка, жените треба да се пријават и за воен рок.

Од 60.000 луѓе кои се подложени на лекарски преглед, само 9.000 од нив ќе бидат примени на воен рок. Воениот рок трае 19 месеци, а во Норвешка војската е многу почитувана, па завршената обука се третира како високо образование.

Германија го укина воениот рок во 2011 година, но во последните месеци се погласни се гласините дека владата би можела повторно да го воведе воениот рок. Ваквата одлука е поддржана од мнозинството Германци, дури 61 отсто од испитаниците во Германија поддржуваат повторно воведување на воениот рок.

Во Македонија има само доброволно служење на воен рок

Задолжителниот воен рок беше укинат кога одбраната на Република Македонија се усогласуваше со стандардите на земјите членки на НАТО, односно со реформите во територијалната одбрана на војската по усвојувањето на новата Државна стратегија за безбедност во 2003 година и откако во 2006 година Собранието ја одобри забраната за задолжителна регрутација.

Република Северна Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, рече претседателот на државата и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, во септември 2022 година.

Согласно член 62 од Законот за одбрана („Службен весник на РМ“ број 185 од 30.12.2011 година) сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за воена служба можат доброволно да се упатат на служење воен рок по наполнување на 18 години, но не подоцна од наполнети 26 години.

За доброволно служење воен рок во Армијата се поднесува барање и тоа право го има секој државјанин на Република Северна Македонија од машки и женски пол и за поднесување на истото нема определен рок.

Барањето за доброволно служење на воен рок во Армијата се поднесува лично од страна на граѓанинот до Министерството за одбрана – Одделението за одбрана во местото на живеалиште односно престојувалиште на граѓанинот, односно каде се води во воената евиденција. (Одделенија за одбрана за региони – градови и општини во Република Северна Македонија).

По приемот на барањата за доброволно служење на воен рок, Одделенијата за одбрана во Република Северна Македонија формираат евиденција, по што се организира спроведување на лекарски прегледи и психолошки испитувања.

Одделенијата за одбрана во Република Северна Македонија по добивањето планот и списоците со одредени термини за извршување на лекарските прегледи и психолошките испитувања ги известуваат, односно повикуваат граѓаните кои веќе поднеле барање.

Лекарските прегледи и психолошките испитувања се извршуваат во Воено медицинскиот центар во Скопје и вообичаено траат до 2 дена.

По завршувањето на лекарските прегледи и психолошките испитувања граѓаните кои од страна на Военолекарската комисија на Министерството за одбрана се оценети со оценката „исполнува критериум за воена служба“ веќе се кандидати за доброволно служење воен рок и истите се планираат да бидат упатени на доброволно служење на воен рок во Армијата.

Упатувањето на доброволно служење на воен рок во Армијата се врши врз основа на прикажани потреби на Армијата и во случај на надминување на потребниот број во одреден упатен рок, тогаш се применува принципот на редослед на пријавување, а останатите граѓани ќе се планираат да бидат упатени во наредниот упатен рок.

Доброволното служење на воен рок во Армијата се врши во три упатни рокови: февруари, јуни и октомври, во една календарска година, во времетраење од 3 месеци и се служи во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес.

Согласно членот 7 од Правилникот за времето и начинот на упатување на граѓаните на отслужување на воениот рок и постапката за прекин на служењето на воениот рок и отпуштање на војниците од Армијата („Службен весник на РМ“ бр.44/2007), кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок, од денот на поднесувањето на барањето до денот на приемот на поканата за упатување на служење на воен рок.

Кандидатот на кој му е врачена поканата за упатување на служење на воен рок, може да се откаже од служењето, најдоцна 10 дена од денот на приемот на поканата.

Кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок со поднесување на лична изјава за откажување.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе