Нобелова за физика за црните дупки и темните тајни на универзумот

Комитетот што ја доделува Нобеловата награда за физика донесе одлука оваа година да ја додели наградата за откритието како се формираат црни дупки и за откритието дека центарот на нашата галаксија има супермасивни компактни ентитети.

Наградата им припадна на Роџер Пенроуз од Универзитетот Оксфорд, Велика Британија (1/2), Рајнхард Гензел од Институтот за екстратерестријална физика „Макс Планк“ и Универзитетот Беркли (1/4) и Андреа Гез (1/4), американски физичар на Универзитетот во Калифорнија Лос Анџелес (UCLA). Тие ги открија тајните на најмрачните делови на Млечниот Пат.

URL

Оваа година Нобеловата награда е посветена на можеби најегзотичните ентитети во универзумот - црни дупки. Одамна се теоретизира дека во вселената има објекти толку масивни и со толку силна гравитација што дури и светлината не може да им избега.

Роџер Пенроуз покажа дека црните дупки се директна последица на општата теорија за релативноста на Ајнштајн која датира од 1915 година. Теоријата на Ајнштајн опишува како сè во вселената се држи благодарение на гравитацијата. Гравитацијата нè држи на Земјата, таа ги контролира орбитите на планетите околу Сонцето и орбитата на Сонцето околу центарот на Млечниот Пат. Таа е „одговорна“ за раѓањето на ѕвездите од меѓуѕвездените облаци, и на крај за нивната смрт во гравитациски колапс. Гравитацијата му дава форма на просторот и влијае на протокот на времето. Големата маса го витка просторот и го забавува времето, а екстремно големите маси можат да изградат црни дупки.

URL

Сепак, дури и Ајнштајн не сметал дека овие ентитети навистина можат да постојат во вселената. Рајнхард Гензел и Андреа Гез откриле дека постои невидлив и екстремно масивен ентитет во центарот на нашата галаксија, Млечниот Пат. Супермасивната црна дупка е единственото познато објаснување за феномените забележани во центарот на нашата галаксија. Првата пресметка за драматичниот колапс на масивната ѕвезда беше направена кон крајот на 30-тите години на минатиот век од страна на физичарот Роберт Опенхајмер, кој подоцна го водеше Проектот Менхетн. Сепак, сите овие беа само почетоци на нашето разбирање за црните дупки.

Роџер Пенроуз, професор по математичка физика, е роден во 1931 година во Колчестер, Велика Британија. Тој разви математички методи за истражување на Општата теорија за релативност и покажа дека теоријата го објаснува создавањето на црни дупки. Иновативната статија на Пенроус беше објавена во јануари 1965 година и сè уште се смета за најважен придонес во општата теорија за релативност на Ајнштајн.

Сепак, математичките модели не беа доволни за да се реши проблемот - исто така беа потребни емпириски докази за настанувањето на овие ентитети. Рајнхард Гензел и Андреа Гез водеа група астрономи во 90-тите години, кои се фокусираа на регионот во центарот на Млечниот Пат. Тие со голема прецизност ги мапираа орбитите на најсјајните ѕвезди најблиску до центарот. Двете научни групи открија дека таму има нешто што е невидливо и масивно, а тоа ги натера овие ѕвезди да се вртат околу тоа место. Оваа невидлива маса има околу четири милиони маси на нашето Сонце стиснати заедно во простор не поголем од нашиот Сончев Систем. Според актуелната теорија за гравитацијата, постои само еден ентитет што може да има толку силна гравитација - супермасивна црна дупка.

URL

Користејќи ги најголемите светски телескопи, Гензел и Гез развија методи за минување низ огромни облаци меѓуѕвездени гасови и прашина до центарот на Млечниот Пат. Нивната пионерска работа ни ги обезбеди најубедливите докази за постоењето на супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот пат, денес познат како Sagittarius A*.

Рајнхард Гензел е германски астрофизичар роден 1952 година и моментално предава на универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен и на Беркли во Калифорнија. Андреа Гез е родена во 1965 година во Њујорк и моментално предава на UCLA. Гез е четврта жена која добила Нобелова награда за физика. Во 2018 година, тоа беше Дона Стрикленд, а пред неа единствени добитници на оваа награда беа американско-германскиот физичар Марија Геперт Маер во 1963 година и Марија Склодовска - Кири во 1903 година.

URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Наука

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Read more

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Read more

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Read more

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more
 

Гик

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе