Тајмлапс фотографии: Како изгледаат паровите кога спијат?
Фотографот Пол Марија Шнегенбургер отсекогаш бил фасциниран со спиењето, поточно со несвесната состојба на умот.
Серијалот тајмлапс фотографии „The Sleep of the Beloved“ е направен во неговото студио во Виена и покажува интимни фотографии од луѓе додека спијат. Станува збор за фотографии од шестчасовно спиење првин направени со него, а потоа и со парови, семејства и секој кој сака да дознае како изгледа додека спие, пишува Business Insider.