Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Неверојатната фотографија од млада поларна мечка како спие на санта мраз му ја донесе на британскиот фотограф-аматер Ними Сарихан наградата Wildlife Photographer of the Year.

Фото: Nima Sarikhan/Wildlife Photographer of the Year

„Неверојатната и потресна фотографија на Сарихан ни овозможува да ја видиме убавината и кревкоста на нашата планета. Неговата фотографија предизвикува размислување и остар потсетник на интегралната врска помеѓу животното и неговото живеалиште и служи како визуелна претстава за штетните влијанија на глобалното затоплување и губењето на живеалиштата“, рече д-р Даглас Гур, директор на лондонскиот Природонаучен музеј.

Сарихан ја направил фотографијата на третиот ден од потрагата по поларните мечки во густата магла на норвешкиот архипелаг Свалбард. Љубителите на фотографии од дивиот свет и природата од целиот свет гласаа и ја избраа оваа фотографија како најдобра од 25-те пријавени. Четири други финалисти добија високи пофалби.

Израелецот Цахи Финкелштајн фотографирал птици кога видел желка во плитка вода на чиј нос во еден момент слетало вилинско коњче.

Фото: Tzahi Finkelstein/Wildlife Photographer of the Year

Романецот Даниел Денческу поминувал часови следејќи ги ѕвездите низ Рим и неговите предградија. Во еден зимски ден без облаци, тој фотографирал јато кое формирало облик на огромна птица.

Фото: Daniel Dencescu/Wildlife Photographer of the Year

Англичанецот Марк Бојд фотографирал две лавици како чистат младенче по враќањето од лов.

Фото: Mark Boyd/Wildlife Photographer of the Year

Фотографијата на поларната светлина и медузата во студените води на фјорд во близина на Трумсе во северниот дел на Норвешка е потпишана од Норвежанецот Аудун Рикардсен, кој користел сопствен систем на прилагодување на фокусот и блендата при една експозиција.

Фото: Audun Rikardsen/Wildlife Photographer of the Year

Петте фотографии ќе бидат изложени на интернет, како и во Природонаучниот музеј во Лондон до 30 јуни.

Тагови
реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Фото

Како да направите совршени есенски фотографии?

Read more

BBC објави фотки од Персеидите над Македонија

Read more

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Read more

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more
 

Гик

Неверојатно откритие на научниците: Мозокот испраќа сигнали за кои не сме знаеле дека постојат

Читај повеќе

AI моделот на Google за генерирање видеа наскоро доаѓа на YouTube Shorts

Читај повеќе

Русите почнаа да ја тестираат првата вакцина против рак

Читај повеќе

Must have гаџети за твоите урбани авантури

Читај повеќе

Како изгледа најновата листа на најпреземани апликации?

Читај повеќе

Passkey наскоро доаѓа на Facebook: Што значи тоа за корисниците?

Читај повеќе

Откриен досега непознат вид морски пајак, се храни со метан

Читај повеќе

Кои информации не треба да ги споделувате со ВИ четботовите?

Читај повеќе

Aстероид повторно ѝ се заканува на Земјата

Читај повеќе