Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Претседателот Џо Бајден го потпиша законот со кој на ByteDance му се дава 270 дена да го продаде TikTok или ќе се соочи со забрана во САД.

Откако американскиот Сенат усвои закон со кој на компанијата ByteDance ѝ се поставува ултиматум да го продаде TikTok, претседателот Џо Бајден сега истиот го потпиша.

Часовникот почна да отчукува за компанијата ByteDance, која сега ќе има 9 месеци да ја продаде својата популарна апликација, а доколку Бајден смета дека е потребно, рокот може да биде продолжен за дополнителни 3 месеци. Ако TikTok не се продаде во предвиденото време, платформата за видео стриминг во кратки форми ќе биде забранета на американско тло.

Шефот на TikTok, Шоу Зи Чу, вели дека тој и неговите партнери ќе го оспорат новиот закон на суд, наведувајќи го Првиот амандман, кој ја гарантира слободата на говорот, како причина поради која верува дека TikTok ќе ја добие оваа правна битка.

„Ова е очигледно разочарувачки момент, но не мора да биде одлучувачки. Ова е всушност иронично, бидејќи слободата на изразување на TikTok ги одразува истите вредности што ги прават Соединетите Американски Држави светилник на слободата“, рече Чу.

Донесувањето на законот „ќе ги нагази правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци, ќе уништи 7 милиони бизниси и ќе затвори платформа која придонесува за американската економија со 24 милијарди долари годишно“, рече минатата недела ByteDance, додавајќи дека нема планови да го продаде TikTok - потег кој секако ќе бара одобрување од Кина. Официјален Пекинг веќе најави дека ќе се спротивстави на секој таков потег.

Останува да се види дали ByteDance навистина ќе биде успешен на суд, како и каков ќе биде одговорот на Кина доколку компанијата не успее во обидот да го поништи законот на суд.

реклама

Софтвер

OpenAI ги напаѓа Маск и Закерберг: Доаѓа ChatGPT социјална мрежа!?

Read more

Новите GPT-4.1 модели на вештачка интелигенција се фокусираат на програмирање

Read more

Microsoft подготвува нов дизајн на Start менито и ја отстранува болната точка

Read more

WhatsApp тестира нови функции за повици и ја подобрува приватноста

Read more
 

Гик

Големи промени во новите модели на ChatGPT

Читај повеќе

iPhone на преклоп ќе носи потпис на најголемиот конкурент

Читај повеќе
  • play_arrow

Батерија од 8.000 mAh: Новиот Honor ќе издржи користење цел ден и цела ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Days Gone Remastered доаѓа на PS5 на крајот на април

Читај повеќе

Научници тврдат дека имаат најсилни докази досега за вонземски живот

Читај повеќе

Падна Spotify

Читај повеќе

Што ќе се случи ако не го користите вашиот Android телефон 3 дена?

Читај повеќе

Германски научници оживеаја алги стари 7.000 години

Читај повеќе

OpenAI ги напаѓа Маск и Закерберг: Доаѓа ChatGPT социјална мрежа!?

Читај повеќе