Одбрани финалистите за Nature Photographer Of The Year
National Geographic ги објави финалистите за Nature Photographer Of The Year. Годинава, фотографите низ целиот свет се натпреваруваат во четири категории, а главната награда е 10-дневно патување за двајца на Галапагос.
Во финалето се одбрани 20 фотографии направени во природата, од четири различни категории: пејзаж, портрети, животна средина и акција. Судиите имаат тешка задача да ги одберат најдобрите.