Победниците од Comedy Wildlife Photography
И годинава на Comedy Wildlife Photography натпреварот пристигнаа урнебесни фотографии од светот на животните. Членовите на жирито имаа навистина тешка задача да ги одберат најсмешните од нив.
На 9 ноември, на церемонија во Лондон, беа прогласени победниците на годинешниот натпревар. Станува збор за победнички фотографии во пет категории. Годинава пристигнале 2.200 фотографии од 75 земји.