Кои се највлијателните фотографии на сите времиња?
Магазинот Time ги одбра највлијателните фотографии на сите времиња, што ќе бидат објавени во нова книга. Повеќето од нив најверојатно ќе ви бидат познати, бидејќи и претходно сте ги виделе како дел од наши галерии. Станува збор за историски фотографии направени низ целиот свет, а новинарите од Time направија интервју со фотографите, луѓето од фотографиите и напишаа есеи за секоја од нив.
Но, како една фотографија станува влијателна?
„Нема посебна формула што прави фотографијата да биде влијателна. Некои фотографии се на листата бидејќи биле први од таков вид, други бидејќи го оформиле начинот на кој размислуваме“, велат од магазинот.
Сите фотографии може да ги погледнете овде.