Фотографии што покажуваат колку природата може да биде сурова и нежна
Природно-историскиот музеј во Лондон ја објави листата на номинации за натпреварот на фотографии од дивината - People’s Choice Award за 2016 година.
Од разиграни поларни мечиња до исплашениот поглед на едно младенче кое станува плен на лав, овие фотографии пристигнати на Wildlife Photographer of the Year дефинитивно ја покажуваат суровата, но истовремено и нежната страна на природата. Гласањето завршува на 10 јануари 2017 година.