Носталгија: Дали навистина подобро се живееше во Југославија?

Порано децата беа послушни и пристојни. Порано сите летуваа на море, сега само богаташите. Порано поквалитетно се храневме. Порано децата си играа во парк, денес седат пред компјутер или мобилен. Порано се знаеше...

Ви звучи познато? Ваквите размислувања се нарекуваат носталгија.

Вака ја почнува анализата авторот на текстот за Index.hr Ненад Јариќ Дауенхауер за феноменот на носталгијата, поконкретно за југоносталгијата на поранешните југословенски простори.

Носталгијата за „старите, добри времиња“ е стара колку и човештвото. Уверувањето дека минатото било подобро од сегашноста датира уште од древна Грција. Перцепцијата за инверзниот тек на историјата ја наоѓаме и во бројни други записи и митологии.

Искривена перцепција

Ваквите носталгични идеи, секако, не се баш точни, особено ако не се земат предвид сите егзактни параметри во подолг временски период. Тие од една страна се темелат на селективното памтење, на наклонетоста да се сеќаваме на најдобрите моменти и да забораваме на лошите, освен на оние најтрауматичните, како на личен, така и на глобален план.

Со други зборови, ако би требало да одлучиме во кое време би сакале да се родиме, под т.н. превез на незнаењето, односно незнаејќи дали ќе се родиме како маж, жена, ЛГБТ личност, во сиромашно или во богато семејство, здрави или болни, како белец или црнец и така натаму, заклучокот би бил дека секако најпаметно би ни било да се одлучиме за сегашноста.

Дали југоносталгијата е оправдана?

Истражувањето на Index од 2017 година покажа дека 71% од 34.000 испитаници сметаат дека во СФРЈ се живеело подобро.

Секако, напредокот не е секаде и секогаш ист и постојан. На пример, сите земји на поранешна Југославија не поминаа исто низ процесот на транзиција. Доцните 70-ти се сметаат за златното доба на Југославија (во 80-тите почна кризата).

Некои економисти сметаат дека со просечна плата во 1978 година можеше да се купи повеќе отколку со просечна плата во 2016 година, барем кога станува збор за просечната потрошувачка кошничка. Можеби истото не би можело да се каже за техничките уреди кои оттогаш се драстично поевтини. Кога ќе го вметнеме и факторот дека е зголемена несигурноста и финансиската нееднаквост на населението, се чини дека сепак има причини за носталгија.

Јасно е дека во светот не е сѐ роово – има глад, епидемии, климатски промени, масовно изумирање на животни, уништување на животната средина и слично, но истовремено денес имаме и најквалитетни орудија, знаења и вештини со кои можеме појасно да ги согледаме проблемите и да ги решиме. Луѓето исто така се повеќе од кога било поподготвени да преземат нешто во врска со нештата што би им го подобриле животот.

Но и покрај тоа, луѓето во просек еднаш неделно ги фаќа некаков облик на носталгија за старите, добри времиња. Зошто е тоа така и дали носталгијата е лоша? Дали нѐ прави песимистични и несреќни или е позитивна? Дали има добра и лоша носталгија?

Од болест до предност

Терминот носталгија е составен од два грчки збора – „nósto“ што значи враќање дома, и „álgos“ што значи болка.

Порано носталгијата била сметана за болест, но бројни истражувања покажале дека носталгијата има две лица и дека во суштина почесто е позитивна и корисна, па дека дури има и некоја еволутивна предност.

Носталгијата подразбира сентиментално сеќавање на идеализирани верзии на личната историја, сеќавање на блиски луѓе, љубови и пријатели, на настани како родендени и патувања и убави пејзажи. Иако главно се врзува за стареењето, некои истражувања покажуваат дека носталгија може да почувствуваат и деца на осум години.

Сепак, носталгијата најчесто се јавува во преодни периоди од животот, особено кај тинејџерите кои се обидуваат да се носат со големите пресвртни настани и кај луѓе постари од 50 години кои ги анализираат своите животи и остварувања. Носталгијата најчесто ја буди музика, мирис или допир, дразби што се обработуваат во амигдалата, центарот за емоции во мозокот.

„Се работи за личен, честопати несвесен став кон времето, односно перцепцијата на сопствените животни искуства како континуиран тек, при што поединецот ги става во когнитивни рамки што им даваат ред, кохерентност и значење на тие искуства“, вели психологот Наташа Јокиќ Бегиќ од Филозофскиот факултет во Загреб.

„Овие когнитивни рамки се користат при кодирање, потхранување и повикување на доживеаните настани, како и во формирањето на очекувањата, целите, непредвидените ситуации и имагинарните сценарија“, вели таа.

Идеалниот ментален оквир подразбира т.н. балансирана временска перспектива што на поединецот му дозволува флексибилно да ги менува временските оквири меѓу минатото, сегашноста и иднината зависно од ситуацијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе