Нов гаф на Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден е во посета на Ирска, а за време на еден од неговите говори направи гаф кој повторно го врати во фокусот на јавноста и медиумите.

Бајден оствари средба со министерот за надворешни работи на Ирска, Мајкл Мартин, а по средбата следуваше прес-конференција на која им се придружи и ирската рагби ѕвезда Роб Керни, далечен роднина на Бајден.

Во тој момент, Бајден се обиде да ги пофали успесите на Керни и неговите спортски достигнувања, а особено се осврна на победата на ирскиот рагби тим над Нов Зеланд во 2016 година во Чикаго.

Коментирајќи го тој успех, Бајден го измеша прекарот на репрезентацијата на Нов Зеланд All Blacks и британската воена единица Blacks and Tans која се бореше против Ирската Републиканска Армија.

„Тој е пеколен рагбист. По ѓаволите, ги победи Blacks and Tans“, рече Бајден, на што присутните се изнасмеаја.

URL

Инаку, единицата „Black and Tans“ била единица во рамките на британските безбедносни сили кои се бореле против ИРА од 1919 до 1921 година. Конфликтите меѓу овие воени формации им послужија на Ирците да создадат бројни патриотски песни, од кои веројатно најмногу се издвојува „Come Out, Ye Black and Tans“.

По повод гафот на Бајден се огласи и Аманда Слот, функционер на Советот за национална безбедност на САД, која нагласи дека се знае што мислел Бајден.

„Мислам дека веројатно им е јасно на сите во Ирска, особено на љубителите на рагбито, дека претседателот зборуваше за All Blacks и нивниот пораз од Ирска во 2016 година“, рече Аманда Слот.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе