Нов рекорд на Нирбургринг: Golf GTI го подобри времето на Civic Type R

Honda Civic Type R повеќе не е најбрзиот сериски модел со преден погон на Нирбургринг. Новиот рекордер во оваа категорија е Golf GTI Clubsport S кој ја помина легендарната патека за 7 минути и 49,21 секунди.

Најдоброто време со резултат 7:50.63, Civic Type R го имаше од март минатата година, а потоа управата на патеката воведе ограничување на брзината на одредени делови поради безбедносни причини и го оневозможи поставувањето нови рекорди.

Забраната неодамна беше укината, а Volkswagen тоа го искористи за да ја промовира специјалната верзија на Golf GTI Clubsport.

Во однос на стандардниот GTI Clubsport кој испорачува 265 коњски сили, Clubsport S има 45 коњи повеќе. Модификуваниот 2.0 литарски турбо бензинец сега развива 310 коњски сили со максимален вртежен момент од 380Nm. 

Освен посилниот мотор, за ваквиот резултат на Нирбургринг е заслужна и помалата маса на автомобилот кој е за 30 килограми поевтин од регуларниот модел. Тоа е постигнато со отстранувањето на задната клупа од кабината и користењето на помал акумулатор.

Моторот е поврзан со 6-брзински мануелен менувач, а автомобилот е опремен со 19 инчни алу-фелни и полу-слик гуми. Освен тоа, Golf GTI Clubsport S има специјално прилагодена амортизација, која е наменета за возење на тркачка патека.

Volkswagen ќе понуди ограничена серија од 400 возила, од кои 100 се наменети за германскиот пазар, додека 150 примероци ќе завршат во Британија.

 

 

 

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе