Нов силен земјотрес ја погоди централна Италија

Силен земјотрес, кој утрово ја погоди централна Италија, предизвика паника поради тоа што траеше долго и го принуди населението да излезе на улиците. Дел од телефонските линии се во прекин.

Земјотресот бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар EMSC, а Американскиот геофизички институт USGS ја ревидираше првичната магнитуда од 7,1 на 6,6 степени. Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 68 километри југоисточно од Перуџа, односно меѓу Перуџа и Мачерата во местото Норча.

Епицентарот на овој земјотрес е во истото место како и неодамнешните потреси до 26 октомври.

Потресот во 7.41 часот бил почувствуван и на северот и на југот од Италија, како и во соседните земји Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

По главниот земјотрес во 7.41 часот во следните 30-ина минути следеле неколку земјотреси, исто така, во централна Италија со магнитуди меѓу 3,5 до 4,8 степени по Рихтер на длабочина од 10 до 13 километри.

Италијанската агенција Ansa наведува дека уште нема податоци за настрадани или штети.

Луѓето ширум Италија излегоа на улиците, вклучително и во главниот град Рим, оддалечен 132 километри од епицентарот, а особено страв владее во покраината Марка, што беше погодена од претходниот потрес во кој животот го загубија околу 300 луѓе.

Оваа област беше погодена од земјотреси и на 26 октомври, со магнитуди од 5,4 и 5,9 кога беше забележана една жртва од доживеан инфаркт. Од тогаш постојано беа регистрирани афтершокови со магнитуди до 5,0 според Рихтер.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе