Кога на големо се зборува за продолжување на прекинатата сезона, фудбалер на Торино беше тестиран позитивен на коронавирусот.
Короната продолжува да ја прогонува Серија А. Во таборот на Торино испланираа да им се вратат на тренинзите од петок, меѓутоа тоа сега се искомплицира.
„За време на првите медицински тестирата врз фудбалерите на Торино ФЦ, излезе еден позитивен резултат на COVID-19. Фудбалерот, кој во моментов е асимптоматичен, веднаш беше ставен во карантин и ќе останен под константен надзор“, објави клубот без да го открие името на позитивниот фудбалер.
Покрај играчите, тестиран бил и целиот стручен штаб. Засега Торино останува на ставот дека во петок ќе почне со тренинзи во Филаделфија тренинг центарот, но тие сепак ќе бидат индивидуални.