Нова „бомба“ од Илон Маск: Нема веќе работа од дома за вработените во Twitter

Илон Маск стави крај на работењето на далечина за персоналот во компанијата Twitter, пишува Bloomberg.

Маск испрати е-пошта до вработените за да им каже да се вратат во канцеларијата најмалку 40 часа неделно.

Тој, исто така, го предупреди персоналот за „тешките времиња што претстојат“ во е-поштата.

Милијардерот, кој го презеде Twitter на 27 октомври, нагласил дека на вработените повеќе нема да им биде дозволено да работат од далечина. Од нив се очекува да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, освен ако Маск не даде одобрение да работат на друго место, се вели во мејлот, објави Insider.

Од Twitter не одговориле на барањето на Insider за коментар, испратето надвор од нормалното работно време.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX, исто така, напишал дека „нема начин да се разубави пораката“ за актуелната економска клима и какво влијание ќе има ова на Twitter, компанија која зависи од рекламирање.

Неколку дена откако Маск го финализираше договорот со Twitter, вработените забележаа дека „деновите за одмор“ на компанијата, спроведени од со-основачот на Твитер, Џек Дорси, се отстранети од нивните календари, изјавија извори за Insider.

Додека Дорси го охрабруваше персоналот да избегне исцрпеност, другите компании на Маск како SpaceX и Tesla се познати по тоа што работат прекувремени часови.

Тагови
реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе