Нова ЕУ директива: До 5% смее да биде родовиот јаз во платите

Европскиот парламент на пленарната седница усвои директива со која на работниците им се дава право на информации за платите по род, додека компаниите ќе мора да преземат мерки доколку разликата во платите по пол е поголема од пет отсто, соопшти канцеларијата на ЕП во Хрватска, пренесува Index.hr.

„Мојот приоритет беше да им овозможам на работниците најинклузивни и најефикасни мерки за транспарентност на платите. Не само што конечно имаме обврзувачки мерки за решавање на родовиот јаз во платите, туку сите граѓани на Унијата се препознаени и заштитени од дискриминација во однос на платите“ “, изјави известувачката Самира Рафаел.

„Небинарните луѓе ги имаат истите права на информации како и мажите и жените“, додаде холандската европратеничка од клубот Renew Europe.

Усвојувањето на директивата го поддржаа 427 европратеници, 79 беа против, а 76 беа воздржани.

Тајноста на платите ќе биде забранета

Тајноста на платите ќе биде забранета, како и одредбите во договорот кои им забрануваат на работниците да ја објавуваат својата плата или да бараат информации за нивната плата и други категории на плати.

„Структурите на платите за споредба на платите ќе треба да се засноваат на родово неутрални одредници и да вклучуваат родово неутрални системи за оценување и класификација на работните места. Огласите за слободни работни места и звања за работни места ќе мора да бидат родово неутрални, а процесот на вработување ќе се спроведува на недискриминаторски начин“, се вели во соопштението на канцеларијата на Европскиот парламент.

Надомест за работниците, казни за фирмите

Ако се утврди дека разликата во платите меѓу родовите е поголема од пет проценти, работодавачите ќе треба да извршат проценка на платите во соработка со претставниците на работниците, а земјите-членки на ЕУ мора да утврдат санкции, вклучително и финансиски казни, за прекршување на ова правило.

Работниците погодени од прекршувањето на горенаведеното правило ќе имаат право на надомест.

Пред да стапи во сила директивата, таа мора да биде официјално одобрена од Советот.

реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе