Нова сајбер измама во Македонија: Претставувајќи се како УЈП, крадат банкарски податоци

Нова сајбер измама изминатите денови ги демне граѓаните. Преку СМС-порака во која стои „УЈП: Извршете ја задолжителната пријава“ и има линк до лажна веб-страница чиј регистрант не е Управата за јавни приходи, се собираат лични податоци од граѓаните. Алармот го вклучи член на групата „Сојузен комитет на програмери“. Тој сподели каква СМС-порака добил, а потоа и податоците кои биле побарани да ги внесе кога го отворил линкот. Утринава, лажната страница која е претставена како да е на УЈП – не работи. Случајот е пријавен и во институциите. За разлика од други случаи, овде, веб-порталот е регистриран во Македонија, но постои сомнеж дека тоа е направено со внесување на лажни податоци.

Регистрираниот лажен домеин е многу случен со оној на УЈП, што остава простор лесно да се наседне на измамата. Разликата е во само една цртичка. Лажниот домеин е регистриран како „ујп-гов.мк“, додека до сервисите на УЈП се пристапува преку ujp.gov.mk. Сајбер измамата е активна токму во месеците кога граѓаните ги поднесуваат и потврдуваат годишните даночни пријави.

Во првиот прозорец кој се појавува кога ќе се кликне лажниот линк се бараат да се внесат лични податоци – име, презиме, адреса на живеење, град, датум на раѓање, е-маил, телефонски број. Со клик на следно – се крадат и податоците за платежната картичка.

Од граѓаните се бара да се внесе бројот на картичка, рокот на важност и кодот од задната страна на картицата. Овие информации се доволни за измамниците ги извадат сите пари кои се на располагање. Во третиот и четвртиот прозорец, измамниците бараат да се прикачи личната карта и тоа од двете страни.

Откако ќе се внесат сите податоци – веб-страницата пренасочува кон вистинската страница на УЈП преку која се поднесуваат даночните пријави.

Лажната веб-страница на измамниците кои се претставуваат како УЈП е регистрирана на 6 февруари. Како сосптвеник е впишан извесен Јован Трајановски. Освена е и лажна и неточна е-маил адреса. „Макфакс“ контактираше на бројот кој е оставен за контакт, кога измамниците го регистрирале порталот. Слушалката од другата страна ја крена жена. Кога го побаравме Јован, таа посочи: „грешка сте“.

Ја проверивме и адресата, внесена како седиште регистрантот на лажниот веб-сајт. Измамниците како назив на улицата внеле булевар „Јане Сандански“, а како број пишале 12. Но не пишале број на зграда, број на влез и број на стан. „Макфакс“ ги провери сите граѓани кои како свое живеалиште ја имаат впишано оваа адреса. Станува збор за околу 400 жители. Но меѓу нив, нема никој со име Јован Трајановски.

„Макфакс“ побара одговори и од МВР – дали ваков случај е пријавен кај нив. Од МАРНЕТ, каде се регистрираат сите домени со „.мк“, прашавме како е направена оваа регистрација со лажни информации, зошто и по два месеци сајтот е активен, но и дали ќе истражуваат преку која агенција е регистриран. Од двете институции очекуваме одговори во текот на денот. Став побаравме и од Управата за јавни приходи. Тие потврдија дека страницата не е нивна и испратија апел до граѓаните.

„Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба“, велат од УЈП.

Ова не е прва ваква измама во Македонија. Во изминатата година, граѓаните алармираа, а МВР постапуваше по десетици вакви пријави. На ист или сличен начин, но преку веб-страници регистрирани во странство, се крадеа податоци од граѓани.

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Македонија

Левица: 40% од тие што дипломирале ја напуштиле државата

Read more

Сончево време со температура до 36 степени

Read more

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more
 

Вести

Истражување: 30% од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Читај повеќе

Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг

Читај повеќе

Фицо: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Читај повеќе

Левица: 40% од тие што дипломирале ја напуштиле државата

Читај повеќе

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан: Му кажав на Путин дека на Европа ѝ треба мир

Читај повеќе

Сончево време со температура до 36 степени

Читај повеќе

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе