Нова „загрижувачка“ варијанта на COVID-19 детектирана кај патник од Танзанија

Африканските здравствени власти откриле нова варијанта на коронавирусот кај лице кое патувало од Танзанија за Ангола.

Африканскиот центар за контрола на болестите (ЦДЦ) соопшти дека варијантата има околу 40 мутации.

Лидерот на ЦДЦ, Џон Нкенгасонг, денеска на прес-конференција кажа дека „ова секако е варијанта која предизвикува загриженост“.

Танзанија не објавува податоци за инфекциите со коронавирус, така што и мутацијата не може да се следи.

Покојниот претседател Џон Магуфули, кој неодамна почина, се спротивстави на борбата против коронавирусот.

Нкенгасонг денеска кажа дека сѐ уште не е познато дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни против оваа нова варијанта на вирусот.

Тој предупреди дека Африка е на пат кон третиот бран на пандемијата од COVID-19.

ЦДЦ наведува дека британската и јужноафриканската варијанта на вирусот е потврдена во 18 африкански земји.

Нкенгасонг ја поздрави одлуката на компанијата Johnson & Johnson за производство на својата вакцина во Јужна Африка. Компанијата се согласи да испорача 220 милиони дози од вакцината, со можност за дополнителни 180 милиони, а повеќето ќе ги произведува во Јужна Африка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе