Славната актерка Ана де Армас, која ја одушеви публиката како Бонд девојка во најновиот филм „No Time To Die“, повторно е во врска откако претходно ја раскина врската со колегата Бен Афлек.
Младата актерка е видена како се бакнува со милионерот Пол Букадакис, извршниот директор на Tinder. Ана во еден момент ја симна заштитната маска од лицето на Пол за страсно да го бакне, пишуваат странските медиуми.
За нив двајца медиумите почнаа да пишуваат уште во текот на летото. Пред Букадикис, убавата Кубанка беше во врска со Бен Афлек, со кого се запозна на сетот за филмот „Deep Water“.
Афлек по раскинувањето со Ана, се смири со старо/новата љубов Џенифер Лопес.