Славната пејачка Ријана во Берлин доби нова восочна фигура кој ниту малку не наликува на неа.
Новата восочна фигура е во Мадам Тисо во Берлин, а нејзините обожаватели се прилично збунети и сметаат дека истата е целосно промашување, бидејќи воопшто не личи на пејачката, пишува LADbible.
Иако е обрнато внимание на некои детали како фризурата на пејачката и нејзините тетоважи, кои дефинитивно се на вистинското место, ликот на пејачката воопшто не потсетува на неа.
Обожавателите веќе реагираа на социјалните мрежи, некои сметаат дека восочната фигура повеќе личи на Лили Ален отколку на Ријана, но едногласни се дека пејачката заслужува фигура која навистина ќе личи на неа.