Нови 168 мистериозни геоглифи откриени во Наска

Истражувачите од јапонскиот Универзитет во Јамагата со помош на дронови открија 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу.

Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи.

Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу II век п.н.е. и II век од новата ера.

Со најновите додатоци откриени од истражувачите од Универзитетот Јамагата, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да се најдат. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови.

Дроновите им овозможија на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око.

Линиите во Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби нема да нè доближи до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива.

Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе