Нови 18 заразени, тројца починати и 21 оздравено лице

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денешната бројка на новозаразени е драстично намалена, а првпат поголем е бројот на оздравени од заразени.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на COVID-19. Прв случај е регистриран во Пехчево каде позитивен е вработен во брза помош.

По градови:
2 - Скопје
9 - Куманово
2 - Штип
2 - Тетово
1 - Велес
1 - Гостивар
1 - Пехчево

„Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови“, напиша Филипче на Facebook.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува 1.225 лица. Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Починати се тројца пациенти позитивни на COVID-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46-годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, како и еден 71-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Куманово на 63-годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе