Нови 848 заразени од 3.506 тестирања, 22 починати и 1.369 оздравени лица

Нови 848 КОВИД-случаи од 3.506 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои 116 се реинфекции.

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие починале 11 лица и дополнително се пријавени 11 со датум на смрт од 10 до 19 февруари, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од „Мој термин“.

Регистрирани се 1.369 оздравени пациенти, а активни има 5.775 случаи во државата.

Од новите 848 дијагностицирани, над половината (451) се од Скопје, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен по 10, Дебар – девет, Охрид, Крива Паланка и Валандово имаат по шест нови случаи, Струмица – пет, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод по три, Делчево, Берово и Демир Капија по два и по еден новозаразен имаат Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа починале 11 лица: четири од нив се од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г),  три починати лица се од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице е од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица: три починати од Скопје, две лица од Штип и по едно починато лице од Битола, Велес, Богданци, Демир Хисар, Крива Паланка и Охрид. Тие се на возраст од 64 до 87 години, а за починати се пријавени во периодот од 10 до 19 февруари 2022. Пет починале во домашни услови, а шест во болница.

Од сите 22 починати лица, кај 21 се регистрирани коморбидитети.

Од 1.369 оздравени пациенти, од Скопје се 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе по 10, Охрид – девет, Гевгелија – осум, Ресен – шест, Крива Паланка и Берово по пет, Радовиш – четири, Пехчево – три, Валандово, Делчево и Демир Капија по двајца оздравени и по еден од Македонски Брод, Кратово и Виница.

Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на вкупен број активни случаи по градови:

Скопје 136 376, Активни 3156

Куманово 16 060, Активни 256

Битола 14100, Активни 301

Прилеп 13 468, Активни 204

Тетово 13 323, Активни 191

Кавадарци 10 053, Активни 223

Гостивар 9341, Активни 92

Велес 9333, Активни 247

Охрид 8460, Активни 128

Штип 7877, Активни 59

Струмица 7874, Активни 128

Кичево 5356, Активни 108

Кочани 4919, Активни 54

Струга 4634, Активни 66

Гевгелија 4177, Активни 89

Неготино 3599, Активни 94

Свети Николе 2615, Активни 26

Ресен 2564, Активни 61

Радовиш 2491, Активни 64

Крива Паланка 2356, Активни 31

Делчево 1881, Активни 13

Берово 1707, Активни 12

Дебар 1609, Активни 39

Валандово 1522, Активни 23

Виница 1362, Активни 10

Пробиштип 1282, Активни 5

Богданци 992, Активни 27

Кратово 927, Активни 18

Крушево 875, Активни 12

Демир Хисар 814, Активни 15

Македонски Брод 685, Активни 9

Демир Капија 544, Активни 7

Македонска Каменица 520, Активни 1

Пехчево 457, Активни 6

Дојран 254, Активни 0

Вкупниот број дијагностицирани на  COVID-19 од почетокот на епидемијата во земјава достигна 294.407 од направени вкупно 1.874.917 тестирања. Оздравени се 279.695 пациенти, починати се 8.937лица, додека активни се 5.775 случаи. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more
 

Вести

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе