Нови мерки: Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со 50% капацитет

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од COVID-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Согласно владината одлука, атлетската трка „23 Октомври“ ќе се одложи и ќе остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации. Исто така, вчера беше одобрен и Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со COVID-19.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од COVID-19.

Инаку, измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, вчера не се најдоа на дневен ред на Собранието, откако опозицијата побара време да ги разгледа. Измените на овој Закон треба да бидат основа за спроведување на нови мерки за заштита од коронавирусот.

Со измените во Законот, задолжително ќе биде носење маска на отворено, ќе се забрани групирање на отворено после 22 часот и се ограничува бројот на гости во домовите на 4 лица.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со COVID-19.

Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на COVID-19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, очекува пратениците да покажат одговорност и итно да ги донесат новите мерките за заштита од COVID-19, бидејќи, нагласува, состојбата е сериозна.

Заменик министерот за зравство, Илир Хасани синоќа појасни дека рестриктивните мерки се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата од COVID-10.

Според Хасани, ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но ако бројката на новозаболени се зголемува, постои можност да ги засилиме.

– Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивните мерки, тоа не значи дека треба да се опуштаме туку во доменот на долната граница што е разумна за да во секој момент се има ефект од мерките. но во никој случај не се исклучува дека рестриктиктивните мерки ќе може да ги засилиме врз основа на бројката која што се зголемува последните недели, посочи заменик министерот.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 408 случаи на COVID-19. Оздравени се вкупно 281 пациент, а починале 4 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.196, бројката на оздравени пациенти е 17.673, а на починати е 850. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.673.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе