Нови повисоки цени на храната, маслото поскапо за околу 30 денари

Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март.

Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот и оризот.

Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство  93 денари.

Зголемените цени на храната уследија откако од денеска престанаа да важат антикризните мерки со кои ДДВ-то на основните прехранбени производи беше намалено од 5 на нула проценти, а на енергенсите од 18 на 10 проценти.

Се укина и ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи. Антикризните мерки беа воведени во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе