Нови жртви по рускиот ракетен напад, Украинците без струја

Најмалку четири лица загинаа, а десет беа ранети во вчерашниот руски ракетен напад врз Херсон, од кој руските сили се повлекоа пред две недели, изјави гувернерот на регионот во Украина каде главно нема струја и вода, еден ден по бројните руски напади врз енергетска инфраструктура.

„Руските окупатори отворија оган врз станбената зона од повеќе ракетни фрлачи. Голема зграда се запали“, напиша на Telegram Јарослав Јанучевич, шеф на воената администрација во Херсон.

Голем дел од Украина, особено главниот град Киев, беше без струја и вода во четвртокот, еден ден по уште еден жесток руски напад врз енергетската инфраструктура, што западните сојузници го опишаа како „воено злосторство“ со наближувањето на зимата.

Точно девет месеци од почетокот на руската инвазија, милиони Украинци го поминаа четвртокот без струја и греење.

Во Киев, каде замрзнат дожд падна врз снегот, а температурите беа блиску до нула, околу 70 отсто од населението остана без струја, а снабдувањето со вода се нормализира, соопшти градската управа.

Руското Министерство за одбрана, сепак, објави дека главниот град на Украина не бил цел на руски напади, обвинувајќи ја украинската противвоздушна одбрана дека е одговорна за штетите во Киев.

Во останатиот дел од Украина, големи делови останаа без електрична енергија, но постепено продолжува поврзувањето на важна инфраструктура со мрежата.

Во Харков, вториот по големина град во земјата, недалеку од границата со Русија, снабдувањето се нормализира по „многу напорна“ работа, изјави градоначалникот Игор Терехов.

Продолжи рускиот ракетен оган, а освен жртви и ранети во Херсон на југ, жртви имаше и во Вишхород, во близина на Киев, каде загинаа шест лица, а 30 беа ранети.

Во средата, во своето обраќање до Советот за безбедност на ОН преку видеоврска, украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди „злосторството против човештвото“ бидејќи „со температури под нулата, милиони луѓе остануваат без енергија, греење и вода“.

Како што соопшти Министерството за енергетика, овие ракетни напади во средата оставија „голем дел од потрошувачите“ без струја во Украина, која имаше околу 40 милиони жители пред руската инвазија на 24-ти.

Во средата Русија истрела околу 70 крстаречки проектили кон Украина, од кои 51 беа соборени, според Киев. Целта на овие напади беше важна енергетска инфраструктура која веќе беше оштетена во слични ракетни кампањи.

Украинската воена разузнавачка служба во четвртокот оцени дека на Русија ѝ „треба околу една недела“ за да подготви нови масовни напади.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе