Новинарски лапсуси – како беше, со мала или со голема буква?

Под силно влијание на странските медиуми, се чини дека дури и оние кои секојдневно го користат македонскиот јазик како главна алатка во нивната работа, новинарите, почнуваат да ги забораваат основните правила на правописот на македонскиот јазик.

И претходно зборувавме за најчестите правописни грешки што ги прават колегите новинари, а овојпат се осврнуваме на употребата на голема буква.

Користењето голема буква каде што според правописот треба да е мала, најчесто следува како негативно влијание од следењето странски медиуми, најчесто на англиски или германски јазик. Во германскиот јазик, на пример, сите именки се пишуваат со голема почетна буква, додека сите зборови од четирите основни зборовни групи во англискиот јазик - именки, глаголи, придавки и прилози – се пишуваат со голема буква во наслов, име на организација, компанија, група и слично.

Новинарите, за жал, забораваат дека една од основните функции на медиумите, освен да информираат, е и да едуцираат, а тоа почнува со правилна употреба на јазикот на кој пишуваат.

Денеска се потсетуваме на употребата на голема буква според Правописот на македонскиот јазик.

Со голема буква се пишуваат:

Почетниот збор на реченицата:

Времето денеска ќе биде сончево и топло.

Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите:

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одржа прес-конференција.

Куќата на Робевци во Охрид е заштитен споменик на културата.

Кралицата Елизабета Втора во текот на нејзиниот живот се грижеше за повеќе од 30 кучиња, од кои голем дел беа наследници на нејзината омилена Сузан која ја доби за 18-тиот роденден.

Географските и топографските имиња. Ако се составени од повеќе зборови сите се пишуваат со голема буква.

 *заб. Во ниту еден друг случај не се пишуваат сите зборови со големи букви (освен ако не се лични имиња.

Република Северна Македонија, Вардар, Скопје, Пелагонија

Шар Планина, Охридско Езеро, Ново Село

Соединети Американски Држави

Европа, Западна Македонија, Далечен Исток

Извадок од Правописот на македонскиот јазик

Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња.

Европеец, Американец, Австралиец

Германец, Македонец, Србин, Ром, Албанец

Швајцарец, Мариовец, Горанец

Имињата на институциите, улиците, кејовите, плоштадите, објектите, организациите, фестивалите, имињата на книгите, уметничките творби, весниците, списанијата, написите, законите, прописите, документите, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите:

 *заб. Голема е само буквата на првиот збор (освен ако не е лично име).

Архитектонски факултет

Драмски театар

„Партизански одреди“

Арапска куќа

Младинска организација

Струшки вечери на поезијата

„Крпен живот“

Закон за работни односи

„Утрински весник“

Разловечко востание

Втора светска војна

Версајски мир

Имињата на небесните тела:

Венера, Марс, Сонце, Месечина, Земја

Кога не се употребени како име на небесно тело се пишуваат со мала буква.

Неуморно ја копаше земјата.

Кога по две точки (:) следува директен говор:

Дејан рече: „Многу ми е здодевно“.

Имињата на празниците:

Први мај, Нова година, Божиќ, Бајрам, Единаесетти октомври, Осми септември

Само првиот збор се пишува со голема буква. Ако датумот е напишан со број, тогаш првиот збор што следува по бројот е со голема буква.

8 Март, 13 Ноември, 11 Октомври.

Од почит, заменките вие и ваш, како и други зборови:

Ја сретнав Вашата сопруга.

Почитувана Директорке, сакам да Ве замолам…

Со мала буква се пишуваат:

Жители на населени места:

скопјанец, крушевчанец, драчевец, новоселец

Имињата на месеците, деновите во неделата, годишните времиња:

април, јануари, среда, сабота, лето, зима.

Уште примери за правилната употреба на малата и големата буква може да најдете во онлајн верзијата на Правописот на ОВОЈ ЛИНК.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе