Новиот „The Batman“ со Роберт Патисон го освои бокс-офисот

Најновиот филм за Бетмен, „The Batman“ со Роберт Патисон во главната улога, заработи неверојатни 128.5 милиони долари на бокс-офисот во Северна Америка.

Станува збор за втор филм кој успеа во време на пандемијата да заработи над 100 милиони долари во еден викен. Првиот е „Spider-Man: No Way Home“, со неверојатни 260 милиони долари од премиерното прикажување во декември, 2021 година.

Благодарение на позитивните критики, добриот прием во киносалите и желбата на публиката да го види Патисон како Бетмен, филмот стана комерцијален успех на Warner Bros. Филмското студио потроши 200 милиони долари за продукција и неколку милиони долари за дистрибуција и маркетинг. Оживувањето на Бетмен на екраните не е евтино, а профитирањето нема да биде лесно.

На меѓународно ниво, филмот заработи 120 милиони долари, додека на светско ниво одлични 248.5 милиони долари. Warner Bros. го откажа прикажувањето во Русија поради инвазијата во Украина што се случи минатата недела.

Покрај Патисон, во филмот се појавуваат Зои Кравиц, Енди Серкис, Колин Фарел и други.

На второ место е „Uncharted“ со Том Холанд, филмот заработи 11 милиони во третиот викенд на прикажување. Меѓу првите три е и „Dog“ со заработка од 6 милиони долари.

Remote video URL
Тагови
реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе