НУК: Новото ограничување на работното време ќе ги натера угостителите да отпуштаат вработени

Независната угостителска комора (НУК) предупредува дека најновиот предлог на Комисијата за заразни болести за ограничување на работата на угостителските објекти до 21 часот ќе ги принуди да направат рационализација на вработувањата што, пак, би довело до масовно напуштање на работните места од страна на самите вработени.

– Оваа нова препорака од Комисијата за заразни болести - кратење и цепкање на работно време, повторно мерка наменета исклучиво за угостителските објекти едноставно ќе ги примора угостителите да извршат рационализација на вработувањата кои за жал ќе доведат до масовно напуштање на работните места од страна на самите угостителски работници. Да бидеме јасни, угостителите ќе настојуваат на секој начин да ги задржат и да не ги отпуштат своите вработени. Но, она што очекуваме да се случи е дека угостителските работници веќе нема да го имаат истиот елан, интерес, желба и потреба да работат и бараат работа во угостителскиот сектор бидејќи истиот нема да биде во можност да ги понуди стабилноста со сигурноста на работното место и соодветните надоместоци, што ќе допринесе до појавата на масовно напуштање на работата од страна на самите работници, се вели во денешната реакција од НУК. 

Оттаму оценуваат дека со препораките за ограничување на работењето на угостителските објекти не е намален бројот на заболени, туку е направена само штета на угостителската индустрија.

– Факт е дека сите дадени препораки за ограничувањето на работењето на угостителските објекти предложени и доставени од Комисија за заразни болести во изминатите 30 дена не само што не го намали бројот на заболени, туку создаде неизмерна штета на угостителската индустрија без причина со што ни остава простор нашите права да ги бараме низ судските лавиритни локално и пред меѓународните судови, се наведува во реакцијата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе