Синоќа во затворот Идризово било забележано пукање и зголемено присуство на полицијата и стражарите, откако според првичните информации се случил обид за бегство.
Обидот за бегство бил од женското одделение на затворот Идризово, а според првичните информации на некои медиуми, осудените кои се обиделе да избегаат имале и помош од надвор.
Од МВР нема официјална потврда за овој инцидент.