Објавени досега невидени снимки од масакрот во Израел: 43 минути чист терор

Макфакс
/ 24.10.2023 / 12:06

Војската на Израел синоќа одржа медиумска проекција на необработени снимки пронајдени на камерите на телата на милитантите на Хамас, со цел да го потсети светот на бруталноста на нападот врз Израел пред две недели.

Снимките од камери на телата, монтирани заедно со снимки од видеонадзори, камери на возила и мобилни телефони на вооружени лица и жртви на Хамас, со ситни детали го покажа вистинскиот хорор што се случи на музички фестивал и во семејните населби во Јужен Израел, пишува BBC.

Израелската војска исто така објави документи за кои рече дека се пронајдени кај убиени членови на Хамас, со детали за оперативното планирање и инструкциите за напад на населби и земање заложници.

URL

43-минутното видео прикажано во воената база во близина на Тел Авив во понеделникот е дестилирано од стотици часовни снимки собрани по нападот, соопшти израелската војска. Содржи снимки од вооружени лица на Хамас како пукаат во цивили на патот со очигледна радост, а подоцна убиваат родители и деца во своите домови.

Една трауматична секвенца, снимена на домашните камери од тамошеn жител, покажува како татко ги турка своите две момчиња во засолниште неколку секунди пред вооружените лица на Хамас да фрлат граната убивајќи го таткото и ранувајќи ги момчињата. Откако двете момчиња, крвави и во шок, тетеравејќи се, се вратиле назад во домот, напаѓачот на Хамас мирно влегол и го пребарал фрижидерот пред нив застанувајќи на пијачка пред повторно да излезе.

Remote video URL

Едно од момчињата му извика на својот брат: „Тато е мртов, ова не е шега“, и се праша: „Зошто сум жив?“ Брат му очигледно бил ослепен од граната. Воениот портпарол присутен на проекцијата не можеше да каже дали преживеале. Филмот исто така вклучува аудио од еден од вооружените лица на Хамас, кој ги повикува своите родители дома во Газа од телефонот на жртвата за да се пофали дека „убил најмалку 10 Евреи со голи раце“.

„Ве молам, отворете го WatsApp и видете колкумина се мртви“, постојано ги молел родителите очигледно мислејќи на фотографиите или видеата од нападите што ги испратил дома.

„Твојот син уби многу Евреи. Мамо, твојот син е херој“, рекол членот на Хамас.

Друга секвенција покажува како вооружен напаѓач на Хамас пука во очигледно мртви тела на цивили во кибуц на славенички начин и со градинарска мотика се обидува да обезглави некого што изгледа дека е сè уште жив. Снимките, некои земени од мобилните телефони на жртвите, исто така го покажаа стравот од оние што се криеле во безбедните соби и засолништа додека се приближувале звуците од пукотници и експлозии.

Remote video URL

Одлуката да се прикажат необработените снимки на печатот ја одразува очигледната фрустрација кај високите израелски воени офицери дека медиумското покривање на бруталниот напад на Хамас на 7 октомври го отстапи местото на покривањето на израелските воздушни напади врз Газа и хуманитарната криза создадена со наредбата на Израел да ги премести жителите на Газа на југ.

Зборувајќи за насобраните меѓународни медиуми по проекцијата, генерал-мајор Мајкл Еделштајн, поранешен командант на дивизијата Газа на ИДФ, рече дека е шокиран од известувањето:

„Гледаме дека некои од каналите се обидуваат да го споредат она што го прави Израел со она што  го прават гнасните терористи. Не можам да разберам некој да го споредува тоа. По она што го споделивме со вас, треба да го знаете и ова“.

Повеќе од 1.400 Израелци се убиени од нападот на Хамас на 7 октомври, според израелските власти – огромно мнозинство во првиот напад. Се верува дека повеќе од 220 биле земени како заложници во Газа. Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека повеќе од 5.000 Палестинци се убиени од почетокот на израелските воздушни напади, а според палестинското Министерство за здравство на окупираниот Западен Брег, од 7 октомври таму се убиени 91 Палестинец.

Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе