Објавени последните зборови на Кашоги пред да биде убиен

Новинарот Џамал Кашоги беше убиен од саудиска специјална единица во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври годинава.

Според извор близок до истрагата, последните зборови на колумнистот на Washington Post биле: „Не можам да дишам“.

Изворот вели дека во грозоморната сцена Кашоги се борел со група луѓе кои биле решени да го убијат.

„Не можам да дишам“, рекол Кашоги.

„Не можам да дишам.“

„Не можам да дишам.“

Во транскриптот од снимките од конзулатот стои дека се слушаат звуци од сечење со пила додека го расчеречувале телото на Кашоги, а потоа на напаѓачите им се дава совет да пуштат гласна музика за да се пригушат звуците.

Според истиот извор, се слушаат неколку телефонски разговори. Турските служби сметаат дека тие телефонски разговори биле меѓу членовите на специјалната единица и високи владини службеници во Ријад, а содржината на разговорите била поврзана со тоа како напредува извршувањето на наредбата.

Овие нови сознанија најверојатно ќе извршат притисок врз администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп која е одлучена да го огради саудискиот принц Мохамед бин Салман од убиството на Кашоги.

Ставот на Трамп се коси со оној на ЦИА, од каде велат дека принцот лично го нарачал ликвидирањето на новинарот.

Новите сознанија исто така ќе го поткопаат официјалниот став на Саудиска Арабија која објасни дека смртта на Кашоги била резултат на своеволна акција на одметнати припадници на безбедносните сили што излегла од контрола.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе