Веќе некое време е познато дека Chevrolet на 26 октомври ќе го претстави новиот модел Corvette Z06, но сега се објавени официјалните фотографии.
Сè уште не се познати сите детали, но се очекува дека ќе го движи 5,5-литарски V8 мотор со 625 КС и 657 Nm, со погон на задните тркала и 8-степен автоматски менувач.
Во пакетот се и задни гуми од 345 мм, дигитални инструменти, елементи од карбонски влакна во внатрешноста итн.
На фотографиите на камуфлираниот автомобил се гледаше големото задно крило, но сега го нема на официјалната фотографија.
Наскоро ќе видиме што сè има да понуди стандардниот Z06.