Објавено ново видео од бруталното убиство на Џорџ Флојд

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд поттикна низа масовни и често насилни протести низ САД против полициската бруталност. Објавено е ново, вознемирувачко видео од неговото убиство.

Бен Крамп, адвокатот на семејството на Флојд, објави ново видео на Twitter од убиството на Афроамериканецот. На снимката се гледа како едниот од полицајците ги игнорира случајните минувачи кои го молат да го пушти Флојд или барем да му го провери пулсот. 

„Зарем ќе дозволите да го убие овој човек“, прашува едниот од минувачите кој сега е сведок во случајот, пишува Daily News.

Вториот сведок вели дека неколкупати ги молел полицајците да му го проверат пулсот на Флојд кои го направиле тоа дури откако пристигнала брзата помош. 

Претходно, исто така беше објавено видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд на кое се гледа како неколку полицајци се обидуваат да го смират Флојд со ќотек.

„Нема сомнеж дека Џорџ Флојд ќе беше жив денеска ако полицаецот Дерек Шовен не го притискал на вратот, а другите двајца не го притискале на телото“, вели адвокатот Бен Крамп.

Ниту еден од полицајците не се обиде да го спречи Дерек Шовен кој цело време го држеше неговото колено врз вратот на Џорџ Флојд.

*Внимание: Содржината на видеото може да ве вознемири

URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе