Македонија

Облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег

5. јануари 2020 - 9:25 | МИА

Времето денеска ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Вдолж Повардарието, каде ветерот ќе биде најсилен, преку денот ќе има и повремено намалување на облачноста.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од минус 2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната до 4 степени. 

Коментирај