Облак: Југославија денес би била кандидат за светски шампион

Словенечкиот голман Јан Облак си замисли како би изгледала репрезентацијата на „Плавите“ доколку денес би постоела Југославија, и според него тој тим би бил еден од најдобрите на светот.

По повод екс-ју дерби дуелот Словенија - Србија кој синоќа се играше во Љубљана во рамките на Лигата на нации, голманот Јан Облак даде необично интервју за Sportklub во кое зборуваше и за тоа каква би била денес југословенската репрезентација.

„Не знам, но би можеле да бидеме на врвот на светот. Погледнете ја Србија денес, Хрватска, втората селекција во светот, исто така. Убеден сум, тој тим би изгледал многу моќен! Југославија, сигурен сум, би имала статус на кандидат за освојување на првото место на Светското првенство...“, со насмевка вели голманот на мадридски Атлетико.

Доколку таква репрезентација би постоела денес со сигурност помеѓу стативите би бил токму Облак. Покрај него во тимот би конкурирале играчи како Лука Модриќ, Марцело Брозовиќ, Иван Перишиќ, Анте Ребиќ, Матео Ковачиќ, Шиме Врсаљко (Хрватска), Никола Миленковиќ, Душан Тадиќ, Филип Костиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ, Лука Јовиќ, Душан Влаховиќ (Србија), Сеад Колашинац, Миралем Пјаниќ, Един Џеко (Босна и Херцеговина), Стефан Ристовски, Елиф Елмас, Енис Барди (Македонија), Јасмин Куртиќ, Миха Зајц, Андраж Шпорар (Словенија), Адам Марушиќ, Стеван Јоветиќ (Црна Гора), Амир Рахмани, Мргим Војвода, Милот Рашица (Косово), а можеби и играчите кои настапуваат за други држави како Златан Ибрахимовиќ, Дејан Кулушевски, Гранит Џака и Џердат Шаќири во такво сценарио би биле во плавиот дрес.

Навистина, доколку денес треба да се одберат првите 11 на Југославија селекторот би бил на големи, слатки маки.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе