Обвинетиот Трајковски за „27 април“: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Од судот барам да ми суди за тоа што сум го сторил, но не за тероризам. Единствена грешка ми е што сум се нашол на погрешно место во погрешно време, истакна онвинетиот Влатко Трајковски во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Трајковски нагласи дека за да се направи нешто, треба да постои цел, а за да не се случи тоа што се случи, според него, не требало да се отворат вратите во Собратание.

„Сите знаеме дека вратите ги отворија Крсто Мукоски и Сашо Василевски по наредба на тој што порачуваше полици за во село“, нагласи обвинетиот Трајковски.

За исказите на обвинетиот, а сега амнестиран Стефан Младеновски, Трајковски рече дека се дознале многу работи, но не и тоа што тој го сторил во Собранието.

„Хари Локвенец во исказот како сведок во овој случај рече дека кога излегол од прес-салата добил удар во глава од лице со качулка од што му пукнала аркадата. Тоа лице е Стефан Младеновски“, рече Трајковски.

Во однос на пратеникот Сашко Костов, Трајковски рече дека тој го навредувал и опцул, по што земал пп апарат и го испрскал. Посочи дека пратеникот кренал рака, при што од страв да не биде нападнат Трајкоски му задал два три удари од кои Костов паднал и веднаш станал. За обвинението дека тој ја удира Радмила Шекеринска, Трајковски рече дека на снимките се гледа дека не ја удира тој, туку лицето кое што ја заштитува.

Во Кривичниот суд во Скопје моментално завршен збор дава обвинетиот Вилијам Михајловски.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе