Обвинетите од случајот „Дива населба“ не се чувствуваат виновни

Сите 29 обвинети за настаните од ланскиот инцидент во кумановската Дива населба се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар - тероризам и учество во терористичка организација, на почетокот од процесот во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Двајца од обвинетите, Сами Укшини и Генци Сефа, иако претходно во изјавите пред судот рекоа дека не се чувствуваат виновни, не негираа дека биле дел од настаните.

Укшини, притоа, кој првично рече дека делумно ја признава вината, по консултациите со одбраната изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела од обвинението.

„За тие дела не сум чувствувам виновен, но не дека не се чувствувам виновен за тоа што сум бил на тоа место“, рече Сами Укшини.

Генци Сефа, пак, изјави дека не негира оти е припадник во организирана група, но не се чувствува виновен за кривичните дела. Неговиот адвокат притоа појасни дека не негира дека бил дел од настаните.

Сите останати обвинети се изјаснија дека се чувствуваат невини. Дел од нив коментираа дека не се терористи и оти се „обвинети за тероризам бидејќи се Албанци“. Некои негираа и дека некогаш биле во Куманово или во Гошинце.

Во моментов воведен збор даваат адвокатите на обвинетите. Адвокатот Шазивари Исени кој застапува повеќе од обвинетите рече дека обвинението нема никакви докази, ниту правна основа за обвинување за тероризам и терористичка организација.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе