Очекував поостри прашања – Путин за интервјуто со Такер Карлсон

Макфакс
/ 15.02.2024 / 16:55

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека му е благодарен на десничарскиот американски ТВ водител Такер Карлсон за интервјуто минатата недела, но е изненаден од недостигот на остри прашања.

Поранешната ѕвезда на Fox News, Карлсон, минатиот четврток објави двочасовно интервју со Путин во Москва, кое се најде на насловните страници во светот.

Путин пред рускиот ТВ водител Павел Зарубин изјави дека сакал Карлсон да се однесува поагресивно, што би му дало право да одговори исто толку јасно.

„Да бидам искрен, мислев дека ќе се однесува агресивно и ќе поставува таканаречени остри прашања. Не бев само подготвен за ова, туку го посакував, бидејќи тоа ќе ми дадеше можност да одговорам на ист начин“, рече Путин.

Интервјуто на Карлсон беше прво интервју на Путин со американски новинари од почетокот на руската инвазија на Украина пред речиси две години, а Путин порача дека Западот треба да разбере дека е невозможно Русија да биде поразена во Украина.

„Бидејќи денес не сме во можност да водиме директен дијалог (со Западот)… мора да му бидеме благодарни на господинот Карлсон што можевме да го направиме тоа преку неговата посредничка улога“, рече Путин.

Кремљ соопшти дека Путин се согласил на интервјуто со Карлсон бидејќи пристапот на поранешниот водител на Fox News се разликува од „едностраното покривање на конфликтот во Украина од страна на многу западни медиуми“.

Карлсон беше критикуван од некои западни медиуми поради недостигот на тешки прашања во интервјуто.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе