Од денеска почнува имунизацијата против COVID-19 на деца

Во државава од денеска ќе почне вакцинирањето со Pfizer на децата од 12 до 17  години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а според последните податоци од Министерството за здравство, пријавени се околу 1.800 деца. Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население.

Здравствените власти апелираат дека единствен начин на превенција да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. Од Министерството за здравство вчера информирaа дека кај нас се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не бил вакциниран.

Според последната статистика што ја објави вчера ресорното Министерство, во претходното деноноќие е регистриран 21 нов случај со COVID-19 од направени 3.358 тестирања.

Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар. Во болниците во земјата хоспитализирани се 16 пациенти. Регистрирани се двајца оздравени панциенти, а починати нема.

Сегашната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна, болниците се празни, а само четворица пациенти се на кислородна поддршка. Иако здравствениот систем е подготвен во случај на влошување на ситуацијата, од Министерството се надеваат и посакуваат до тоа да не дојде. Затоа, повикуваат на што помасовна имунизација.

Последните анализи и во светски рамки покажуваат дека новиот делта сој на вирусот масовно се шири кај невакцинираното население. Во Европа, од почетокот на месецот, дури 84 отсто од новозаразените во Холандија се невакцинирани, а 10 отсто се вакцинирани само со една доза, додека во Обединетото Кралство, скоро две третини од луѓето заразени со Делта сојот на COVID-19 и повеќе од половина починати, воопшто не биле вакцинирани. Шпанија бележи значителен пораст на нови случаи кај млади невакцинирани лица, по трендот на опаѓање на заразени од крајот на април. Бројот на пациенти во регионите како Каталонија е двојно зголемен во споредба со крајот на јуни, а единиците за интензивна нега кои претходно беа затворени повторно се отвораат.

СЗО е децидна дека сите вакцини се докажано ефикасни против постоечките соеви и мутации на вирусот. Иако дел од студиите покажуваат дека нивната ефикасност се намалува против Делта сојот, таа е доволна за да превенира развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт. Откако се утврди дека вирусот се пренесува помеѓу невакцинираното население, повеќе земји ги зајакнаа рестриктивните мерки кои главно се однесуваат на неимунизираните лица.

Министерството за здравство укажува дека секој поединец носи одговорност во борбата против пандемијата, со највисока граѓанска обврска за вакцинација.

-Должноста да се чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите е и уставно регулирана, со цел да се обезбеди максимална заштита на личното и колективното здравје, со што овие мерки не може да се подведат под сомнение дека се основ за дискриминација или во спротивност на основните човекови слободи и права, туку напротив, се во насока на поттикнување на личниот придонес од страна на секој поединец, со што ќе се осигураат јавното здравје и колективната благосостојба, потенцираат од Министерството за здравство.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе